ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит во Велика Британија се намали повеќе од очекуваното

Буџетскиот дефицит во Велика Британија се намали повеќе од очекуваното

Буџетскиот дефицит во Обединетото Кралство се намали во септември повеќе отколку што очекуваа економистите, со помош на порастот на приходите од даноците на приход и од ДДВ, објави „Блумберг“.

Дефицитот изнесуваше 5,9 милијарди фунти во однос на 6,6 милијарди фунти од пред една година, според податоците од Државниот завод за статистика. Вредноста е помала од проценетите 6,5 милијарди фунти.

На годишна основа, приходите се зголемија за 3,4%, при што даноците на доход се зголемиле за 3,2%, а за ДДВ-то за 3,6%. Исто така постои и 20 отсто скок во приходите од таксените марки за трансакции со имот.

Дефицитот за првиот фискален семестар (април до септември) изнесуваше 32,5 милијарди фунти, што е повеќе од 7% помалку од истиот период во минатата година.

Податоците доаѓаат пред министерот за финансии, Филип Хамонд, во ноември да го претстави нацрт-буџетот. Со години, мерките на штедење го намалија дефицитот од 10% од БДП-то, од финансиската криза на 2,3% во минатата година. Лондон вети избалансиран буџет до 2025-та година.

Сепак, минатиот месец Канцеларијата за одговорност на буџетот соопшти дека властите значително ги надминале нивните прогнози за продуктивноста на трудот, кои ќе имаат последици за растот и јавните финансии. Регулаторот ќе ги продолжи своите предвидувања веќе следниот месец. Според најновата прогноза, растот на продуктивноста полека ќе се забрза на 1,8% во 2021-ва година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП