ПочетнаАВТОБИЗХјундаи произведе милион возила во Чешка

Хјундаи произведе милион возила во Чешка

hy

Јужнокорејскиот производител Хјундаи објави дека го произвеле милионитиот автомобил во својата прва европска фабрика која се наоѓа во Чешка. Јубулејниот примерок е моделот i30.

Покрај овој модел кој се произведува во три варијанти, хечбек со 3 и 5 врати и караван верзија, во Чешка се изработуваат и возилото „MPV“, моделот ix20 и кросоверот ix35.

Фабриката во Чешка е завршена во септември 2009-та година, а инвестицијата беше вредна 1.12 милијарди евра. Меѓутоа производството на возила започна една година претходно, пред погонот да биде комплетно завршен и ставен во функција. Инаку годишниот капацитет на оваа фабрика е околу 330.000 возила.

Компанијата Хјундаи располага со фабрика и во соседна Словачка која ги изработува и моделите од марката Киа, а во 2012-та година беа произведени рекордни 292.050 возила или 15 проценти повеќе отколку во 2011-та година.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП