среда, 6 јули 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Добредојдовте во земјата на шампионите – вози одговорно“ - Нова кампања на...

„Добредојдовте во земјата на шампионите – вози одговорно“ – Нова кампања на РСБСП и РК Вардар

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар“ преку заедничка соработка во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – вози одговорно“.

Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд, ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Од РСБСП наведуваат дека е предвидено на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија.

„Особено значаен е придонесот што РК Вардар го дава во реализацијата на оваа кампања. Шампионите играат одговорно на терен и постигнуваат резултати, но за да постигнеме добри резултати во сообраќајот, мора да возиме одговорно и да се однесуваме шампионски во него“, вели Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.

„За нас претставува привилегија и задоволство што имаме можност да дадеме придонес за подигнување на сообраќајната свест и култура. Јас, сите ракометари на Вардар и сите вработени во клубот сме дел до сообраќајот и од тие причини со задоволство прифативме да дадеме поддршка на оваа кампања и ќе ја поддржиме во целост“, истакна Давор Стојаноски, директор на ракометниот клуб Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП