9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаталонците го возвраќаат ударот, масовно подигнуваат пари од банките

Каталонците го возвраќаат ударот, масовно подигнуваат пари од банките

Клиентите на банките во Каталонија ги подигнуваат парите од банките кои ги преселилија своите седишта на други локации во Шпанија во екот на кризата по референдумот за независност.

Групата која ја поддржува независноста на Каталонија, ги повика синоќа своите истомисленици да ги повлечат парите од банките и така да извршат притисок на тие институции.

Стотици луѓе чекаат во редови пред филијалите на банката „Caixa“ во центарот на Барселона.

Повеќето подигнуваат 150 или 160 евра од бакоматите. Изнсот е симболичен бидејќи според членот 155 од Уставот на Шпанија Владата може да ја суспендира автономијата на Каталонија.

Мадрид вчера соопшти дека ќе преземе чекори кон одземањето на автономијата на Каталонија, бидејќи каталонскиот водич Карлес Пучдемон се закани дека официјално ќе прогласи независност доколку централната власт продолжи со „репресијата“.

Две големи каталонски банки „Caixa“ и „Sabadell“, ги преселија седиштата надвор од Каталонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП