27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕпидемијата ја чинеше Кина 65 милијарди долари

Епидемијата ја чинеше Кина 65 милијарди долари

china4

Епидемијата на вирусот птичји грип H7N9 ја чинеше кинеската живинарска индустрија повеќе од 65 милијарди долари, бидејќи купувачите гo избегнуваа пилешкото месо, соопштија денес официјалните лица.

Овој индустриски сектор во просек губи околу 160 милиони долари дневно од крајот на март, се вели во весникот „Пекинг Тајмс“, повикувајќи се на шефот на Националниот институт за здравје на животните Ли Широнг.

Од вирусот H7N9 во Кина се заразија 130 лица, а починаа 35, се наведува во последните официјални податоци.

Продажбата на пилешкото месо значително се намали, а цените се намалени, изјави Ли и додаде дека поради тоа дошло до големи финансиски проблеми и отпуштање на работници.

Ванг Зонгли, официјален претставник на Министерството за земјоделство, изјави дека владините агенции би требало да и дадат добар пример на јавноста, односно „соодветен однос со живинарските производи“.

Обидувајќи се да ја поттикнат довербата на купувачите, официјалните лица на живинарската индустрија минатата недела беа на официјален ручек во провинцијата Шандонг, на кој било послужено само пилешко месо, наведуваат кинеските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП