ЕКОНОМИЈА

Oтворени за сообраќај се граничните премини кон Грција

Граничните премини кон Грција утринава се отворени за сообраќај, информира АМСМ.

Сообраќајот на граничните премини „Меџитлија“, „Богородица“ и „Стар Дојран“ вчера беше во прекин поради штрајк на грчките службеници.

На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, а интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.