19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: 1,1 млрд евра за 90 авиони? Не е претерано!

Грција: 1,1 млрд евра за 90 авиони? Не е претерано!

Грчката влада соопшти дека 1,1 милијарда евра за модернизација на околу 90 американски авиони „F-16“ не е претерана потрошувачка и дека нема да го дестабилизира буџетот на државата.

„Размислуваме за модернизација на авионите (околу 90) со максимален трошок од 1,1 милијарди евра за период од 10 години“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос пред новинарите, пренесува АФП.

Тој додаде дена не го смета за претеран трошокот и дека 110 милиони евра годишно не влијаат на фискалните цели.

Програмата би започнала во 2018 година, кога Грција би требало да излезе од програмата за економско спасување на Европската унија, соопшти портпаролот.

Логично е европските кредитори да имаат прашања за модернизацијата и Атина е подготвена да овозможи детали, доколку биде запрашана, изјави Цанакопулос.

„Модернизацијата се уште не е договорена, во напредни преговори сме. Немаме намера да ја повториме грешката од минатото, кога трошоците за одбрана беа непримерно надувани“, изјави портпаролот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во суштина ја одобри модернизацијата во текот на официјалната посета на Вашингтон оваа недела, а изјави и дека постои ризик авионите да станат неупотребливи доколку не дојде до модернизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП