10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСенатот на САД усвои нацрт-буџетoт од 4.000 милијарди долари

Сенатот на САД усвои нацрт-буџетoт од 4.000 милијарди долари

Сенатот на САД го одобри предлог буџетот за 2018-та година вреден 4.000 милијарди долари, што е важен чекор напред за амбициозните ветувања на претседателот Доналд Трамп за намалување на даноците, објавија „Асошиетед прес“ и „Ројтерс“.

Предлог буџетот беше усвоен со 51 глас нaспроти 49 против од Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство. Планирано е да се додадат 1.500 милијарди долари во дефицитот на владата во текот на следната деценија за да обезбеди пари за намалување на даноците.

Усвојувањето на нацрт-буџетот го отвора патот за дебати за сериозно реформирање на американскиот даночен код.

Сега мора да постои компатибилност помеѓу законот што го донел Сенатот и прилично различната верзија на нацрт-буџетот одобрена од Претставничкиот дом, каде што републиканците, исто така, имаат мнозинство пред Трамп да може да го потпише.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП