27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанокот незаконски, Франција ќе враќа пари

Данокот незаконски, Франција ќе враќа пари

На Франција и е наложено да им врати десет милијарди евра на големите компании, откако Уставниот суд го прогласи за незаконски данокот од три проценти на исплатата на дивиденда.

Овој данок е воведен во 2012 година, изјави портпаролот на француската влада Кристоф Кастане.

„Правниот аматеризам резултираше со најголемиот даночен подарок кој некогаш им е даден на компаниите во нашата земја“, изјави Кастане, во очигледната алузија на владата на претходниот француски претседател Франсоа Оланд, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквата одлука значи дека администрацијата на актуелниот претседател Емануел Макрон ќе мора да пронајде средства за исплата на компаниите, што, како што оценува АФП, ќе претставува голем буџетски напор во време на фискалната консолидација и ризикот по целниот буџетски дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП