28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШји Џјинпинг: Кина се исправи и стана богата и силна

Шји Џјинпинг: Кина се исправи и стана богата и силна

Претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, порача во говорот на отворањето на 19. Конгрес на Комунистичката партија на Кина дека земјата се исправила и станала богата и силна, и најави дека војската на Кина до средината на овој век ќе биде на највисоко светско ниво.

Шји Џјинпинг поднесе извештај во име на членовите на претходниот 18. Конгрес на Централниот комитет во кој упати важни пораки до кинескиот народ и говореше за насоката во која Кина ќе се движи во наредните децении.

Претседателот на најмногубројната земја во светот оцени дека социјализмот со кинески карактеристики зачекорил во нова ера.

„Ова ќе биде ера во која ќе обезбедиме одлучна победа во изградбата на умерено напредно општество во сите сфери и ќе вложиме напори да изградиме голема и модерна социјалистичка земја. Ова, исто така, ќе биде ера во која ќе се види дека Кина се приближува до лидерската позиција во светот. Кина се исправи и стана богата и силна“, истакна Џјинпинг.

Претседателот на Кина укажа дека потребат луѓето да живеат подобро е сè поголема, и тоа не само во поглед на материјалните и културните потреби.

„Растат и нивните потреби за демократија, владеење на законите, правичност и правда, сигурност и подобро окружување“, рече Шји Џјинпинг, лидерот на кинеските комунисти.

Шји Џјинпинг во говорот на конгресот најави и целосна реформа на војската на највисоко светско ниво до средината на 21 век.

„Во првата фаза, од 2020 до 2035 година, врз основа на сестрана изградба на богато општество, ќе реализираме социјалистичка модернизација. Во втората фаза, од 2035 до средината на овој век, врз основа на социјалистичка модернизација, Кина ќе стане моќна, демократска, цивилизирана, хармонична, убава и модерна социјалистичка земја“, порача Шји Џјинпинг.

Втората економија во светот не се откажува од стратегијата „Еден појас, еден пат“, не се откажува од понатамошни инвестиции во земјата и во други држави.

Намерата е во наредниот период да се задржи стапката на раст, која сега е на седум отсто со што Кина особено се гордее, посебно имајќи ја предвид економската криза со која се соочуваат повеќето западни земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП