28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги: Ниските каматни стапки доведуваат до реформи

Марио Драги: Ниските каматни стапки доведуваат до реформи

Флексибилната монетарна политика обезбедува единствена можност владите од еврозоната да ги спроведат реформите потребни за поддршка на растот по зголемувањето на каматните стапки, рече претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги.

„Истражувањето на ЕЦБ не покажува убедлив доказ дека високите каматни стапки доведуваат до повеќе реформи“, рече Драги на конференцијата во Франкфурт.

Според него, всушност е спротивното – пониските каматни стапки може да ги поттикнат реформите така што доведуваат до подобро макроекономско опкружување.

„Со флексибилна монетарна политика, сега имаме единствена шанса да ги преземеме овие мерки“, додаде Драги.

Шефот на „ЕЦБ“ рече дека владите треба да направат реформи за поддршка на бизнисот да создадат економски придобивки за сите.

Според зборовите на Драги, земјите кои ја ублажуваат заштитата на работниците и ги прават пофлексибилни правилата за вработување на компаниите, исто така, ќе треба да направат посигурни работни места и преквалификација на работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП