ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси преполовени кинеските странски инвестиции

Речиси преполовени кинеските странски инвестиции

Кинеските нефинансиски директни инвестиции во странство (ОДИ) паднаа во периодот јануари-септември за 41,9 отсто на 78,03 милијарди долари во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска Министерството за правда на Кина.

Само во септември овие кинески инвестиции во странство забележале пад од 42,5 отсто на годишно ниво, 9,31 милијарди долари, според пресметките на „Ројтерс“.

Тоа претставува понатамошно влошување на ситуацијата во споредба со август, кога нефинансиските инвестиции паднаа за 24,8 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП