27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell забележа пад на профитот од 79 проценти

Dell забележа пад на профитот од 79 проценти

Dell_Headquarters_Wide

Информатичкиот гигант „Dell“ ги објави податоците за падот на нето-профитот од 79 проценти, а од компанијата наведуваат дека ваквиот резултат е добиен по одлуката на основачот на компанијата Мајкл Дел да ја откупи компанијата која моментално не е во негова сопственост.

Остриот пад на профитот на „Dell“ се објаснува со големото незадоволство на големиот број на акционери кои се против продажбата на компанијата во моментот кога паѓа продажбата на персонални компјутери поради тоа што поголемиот дел од корисниците се насочуваат кон паметните телефони и таблети.

Нето-профитот на компанијата е намален за 130 милиони долари во последните три месеци што е пад за скоро 2 проценти од вкупната заработувачка која изнесува 14 милијарди долари, а двата најголеми инвеститори несакаат комплетно да му ја препуштат компанијата на Мајкл Дел.

Тој понудил да ја откупи компанијата за 24.4 милијарди долари и има намера во скоро време да ја перорентира од производство на персонални компјутери на мобилни уреди, но двата најголеми акционери сметаат дека понудата за откуп на компанијата е толку мала и дека тоа практично би било поклон.

Наместо тоа тие им понудија дополнителни акации на сегашните акционери и поставија ново раководство на компанијата.

Според последните квартални податоци приходот на компанијата „Dell“ пораснал за 12 проценти што е голема контраст во споредба со падот на продажбата на компјутери од 9 проценти.

Компанијата не ги обелодени проценките за профитот во следното тромесечие поради моменталниот спор, а тие формирале и посебна комисија која ќе се занимава со разгледување на моменталните понуди за откуп, како и за евентуалните нови понуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП