3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓу редови - САД ги очекува уште еден скок

Меѓу редови – САД ги очекува уште еден скок

Гувернерката на американската централна банка Џенет Јелен изнесе оптимистичен поглед за движењето на американската економија.

Таа изјави дека последиците од неодамнешните урагани веројатно донекаде ќе го забават економскиот раст, но само привремено, и дека до крајот на годината би требало да следи скок.

Јелен најави дека федералните резерви наскоро ќе продолжат да ја зголемуваат референтната каматна стапка во склад со зајакнувањето на економијата, додека повеќето економисти предвидуваат дека наредното зголемување на референтната камата, трето оваа година, ќе биде во декември.

Говорејќи на меѓународниот банкарски семинар, на кој учествуваат и претставници на централните банки на Кина и Јапонија и Европската централна банка, шефицата на ФЕД призна дека одржувањето на несаканото ниско ниво на инфлацијата оваа година е изнендувачко.

„Економската активност во САД засега има умерен раст оваа година и пазарот на труд продолжи да зајакнува“, изјави Јелен.

Таа изјави дека ураганите кои ги погодија Тексас, Флорида, Порторико и Карибите нанеле огромна штета, но додаде дека нивните долгорочни ефекти ќе бидат скромни и дека вкупната економска активност во САД брзо ќе закрепне.

Јелен изјави дека растот на економијата, бруто домашниот производ, можеби малку е забавен во кварталот од јули до септември како последица на ураганот, но дека скокот на економскиот раст е веројатен во периодот од октомври до декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП