28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон ветува полн ефект за година, година ипол

Макрон ветува полн ефект за година, година ипол

Францускиот претседател Емануел Макрон очекува дека реформите на пазарот за труд, кои ги покрена, ќе имаат видливо влијание на намалувањето на невработеноста во наредните две години.

„Невработеноста моментално се намалува. Ќе видите полн ефект од реформите кои сега ги спроведува владата за година, година ипол“, изјави Макрон во првото телевизиско интервју откако стана претседател во мај, пренесува Ројтерс.

Во текот на претседателската кампања, Макрон вети дека невработеноста во Франција ќе успее да ја намали на седум проценти.

Моменталната стапка на невработеност во Франција изнесува 9,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП