1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCompetition Package опционен пакет за моделите M5 i M6

Competition Package опционен пакет за моделите M5 i M6

m

„BMW“ официјално ги престави M5 и M6 Coupe, „Convertible“ и „Gran Coupe facelift“ верзии кои ќе бидат понудени со опциониот пакет „Competition Package“ кој ќе донесе дополнителнa снага од 15ks на овие модели.

Стандардниот V8 4.4L мотор развива снага од 560ks, но со „Competition Package“ ќе развива 575ks. Погонската единица ќе биде поврзана со седумстепена „M dual clutch“ трансмисија и „Active M“ диференцијал на задната осовина.

m1

„BMW“ исто така додаде специјално изработени 20 инчни тркала и спортски издувен систем со М црни хромирани „twin“ цевки. Како резултат на овие промени возилото од 0 до 100km/h забрзува за 0.1 екунда побрзо од претходно, додека oд 0 дo 200km/h е потребно 0.2 секунди помалку.

Како дел од стандардната опрема автомобилот може да добие ксенонски светла, при што „BMW“ како опција нуди и адаптивни LED светла. M решетката на моторот сега ја има ознаката на моделот, додека возилото на задната страна доби редизајнирани LED светла.

m11

Внтаре, воланот е унапреден и има повеќе простор во делот за складирање по потпирачот за раката во централниот дел на возилото.

Други промени кои се вредни да се споменат се хромираните украси од страните „iDrive“, додека купувачите кои се одлучени да платат повеќе можат да се одлучат за „Touch kontroler“ кој е со површина осетлива на допир.

m11111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП