6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКоја комбинација гарантира неуспех

Која комбинација гарантира неуспех

perfekcionizam1

Честопати сме ставени под голем притисок кој го носи желбата за совршенство. Се трудиме нештата да бидат изработени до перфекција, работите околу нас подредени во совршен ред, нашите обврски да бидат организирани и да имаме контрола над целата ситуација. Но, целиот притисок поради стремежот кон перфекција, во комбинација со одложувањето на обврските за подоцна е рецепт за неуспех и неисполнување на главните зацртани цели. Тоа не прави најголеми непријатели на самите себе. Како да се поштедиме од овие навики и колку би можел еден перфекционист да се промени во овој поглед со цел да се спаси себеси од притисокот и стравот од несовршеното?

Ајде да ги дефинираме и двата поими, за кои психолозите тврдат дека во комбинација се гаранција за неуспех. Што е перфекционизам, а што одолговлекување?

Перфекционизмот би можеле да го дефинираме на многу начини, но секој од нив кој е поврзан со потрагата по совршенство би бил точен. Перфекционистите се стремат кон извонредност на речиси секое поле во животот, трагаат по одлични резултати и се залагаат за сите сфери во кои би можеле да постигнат успех. Имаат потреба и нагони да го поправаат несовршеното, дури и кога станува збор за ситници и небитни детали.

Одолговлекувањето претставува одложување на обврските, најчесто за некој друг, подобар и посоодветен ден. Не можам денес, но ќе го направам тоа утре или наредната седмица. Една шпанска поговорка вели: „Утре е најзафатениот ден од неделата.“ Станува збор за одлагање на важни обврски со цел да се извршат оние кои не се примарни.

Со комбинирањето на овие особини личноста не постигнува да ги заврши работите навреме, претерано ги компликува процесите, ја одложува и отежнува работата и сето тоа води до неуспех. Без разлика колку ќе биде нешто перфектно изработено кога доцните со месеци. Отфрлете ги овие особини и напредувајте во кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП