3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарна акција за гладните во Веро Центар

Хуманитарна акција за гладните во Веро Центар

Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Фирус Мемед, денеска ќе присуствува на промотивниот настан за одбележување на меѓународните денови – Светскиот ден на храната 16 Октомври и 17 Октомври – Меѓународен ден за борба против гладта.

Настанот го организира Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и Црвениот Крст, а ќе се одржи во „Веро“ Центарот (Џамбо).

На настанот Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија ќе ја промовираат новата брошура за информирање на потрошувачите „Информации поврзани со храната“, подготвена во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите.

Промотивниот настан има хуманитарен карактер и во негови рамки, во специјално одредените пунктови од страна на Црвениот Крст, граѓаните ќе можат да донираат храна.

Со свои штандови покрај Агенцијата за храна и ветеринарство, Организацијата на потрошувачи на Македонија и Црвениот Крст ќе се претстават и компании од прехранбената индустрија, чии производи ќе можат да ги дегустираат граѓаните. Децата на тема здрава храна ќе имаат можност да творат во детското ликовно катче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП