3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија смислува план Б

Шпанија смислува план Б

Шпанската економија би можела да забележи помал раст од 2018 година отколку што првично се очекуваше поради неизвесноста во врска со Каталонија.

Тоа го изјави потпретседателката на владата Сораја Сенс де Сантамарија.

„Случувањата кои ги преживуваме со Каталонија влијаат на тоа да сме повеќе претпазливи“, изјави Сенс де Сантамарија по неделната седница на владата, пренесува агенцијата Ројтерс.

Намерата на оваа богата покраина да се одвои од Шпанија, по одржаниот референдум за независност, ја внесе оваа земја во најлошата политичка криза од обидот за воен удар од 1981 година, додава британската агенција.

„Доколку не постои брзо решение на овој проблем, ќе бидеме присилени да ја намалиме проекцијата на економскиот раст за 2018 година“, изјави таа.

Шпанската влада во јули соопшти дека очекува економски раст во 2018 година од 2,6 проценти.

Сенс де Сантамарија исто така изјави дека резервациите за хотелите во Каталонија во моментов се во пад за околу 20 до 30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП