22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Компаниите за ризичен капитал инвестираа 61 милијарда долари во...

График на денот: Компаниите за ризичен капитал инвестираа 61 милијарда долари во САД

Трошоците за ризичен капитал во САД оваа година се на пат да го достигнат највисокото ниво од почетокот на векот покрај континуираниот пад на бројот трансакции, коментира „Statista“.

Во првите три квартали од 2017-та година компаниите за ризичен капитал инвестираа вкупно 61,4 милијарди долари во 5.948 завршени трансакции.

Според податоците на „Pitchbook-NVCA Venture Monitor“ бројот на трансакции во првите девет месеци од оваа година бил најнизок од 2011-та година, кога вкупно 5.104 договори биле завршени меѓу јануари и септември.

Во исто време просечната големина на трансакциите се зголеми до рекордни за деценијата 10,3 милиони долари во оваа година, а стартап компаниите остануваат приватни подолго и имаат корист од огромно финансирање, едвај во подоцнежните фази. Средната големина на трансакциите за подоцнежните кругови бил 11 милиони долари во првите три квартали од 2017-та година во однос на 1 милион долари за т.н. „Ангелски“ инвестиции и 6 милиони долари за претходните трансакции со ризичен капитал.

И покрај растот на т.н. „мегазделки“ пример инвестицијата од 4,4 милијарди долари која стартапот „WeWork“ си ја осигура од „SoftBank“ претходно во оваа година, вкупниот обем на инвестициите сеуште е далеку од максимумот на крајот на минатиот и почетокот на овој век.

Во 2000-та година, на „врвот“ на технолошкиот балон, вложувањата во капитални инвестиции во САД изнесуваа повеќе од 180 милијарди долари, што е повеќе од двојно од вложувањето кое компаниите за ризичен капитал ќе го распределат до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП