1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузинката Одри Азуле на чело на УНЕСКО

Французинката Одри Азуле на чело на УНЕСКО

Извршниот комитет на УНЕСКО ја избра Французинката Одри Азуле за нова генерална директорка на оваа агенција на Обединетите нации

Азуле доби повеќе гласови од претставникот на Катар, Хамад бин Абдулазиз ал-Кавари.

Таа го победи Ал Кавари со 30:28 на завршното гласање, откако претходно денеска доби повеќе гласови од Египќанката Мушира Кетаб.

Арапските земји силно лобираа за кандидат од арапска земја да биде избран за нов генерален директор на ООН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Азуле ќе биде втора личност од Франција на оваа функција по Рене Мајо, која беше генерален директор од 1961 до 1974 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП