Премиерата на новата генерација на најголемиот „SUV“ модел во гамата на премиум брендот на „Nissan“ е закажана за 14-ти ноември.
„Infiniti QX80“ зa 2018-та најпрво ќе може да го видат посетителите на Меѓународниот авто-саем во Дубаи, што е логичен избор на производителот со оглед на тоа што овој вид на возила покрај во САД, најважен пазар е токму Блискиот исток.
Се очекува дека продукцискиот „QX80“ нема многу да се разликува од концептот „QX80 Monograph“ кој беше претставен на саемот за автомобили во Њујорк.
Новата генерација на најголемиот „SUV“ возило од марката „Infiniti“ ќе има малку „помек“ дизајн на надворешноста во однос на екстериерот на претходникот.
Тоа ќе придонесе пред се за новиот дизајн на фаровите и маската на ладилникот, која е карактеристична за последната генерација на моделите на јапонскиот производител.
Иако „Inifiniti“ стилски до подобри „QX80“, возилото најверојатно и натаму ќе ја користи старата механичка платформа, како и постоечката единица, што значи дека под масивната хауба се наоѓа 5,6 литарски V8 со 400 коњски сили.