3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВикендов во Скопје се одржа првиот Олимпијада+ настан

Викендов во Скопје се одржа првиот Олимпијада+ настан

photo 5

Битолска Млекара по втор пат организираше караван со натпревари за сите оние кои сакаат да учествуваат во десетте Баланс+ игри, да се забавуваат и да освојуваат награди. Оваа година под мотото „Активна здрава забава“ караванот со натпревари ќе ги опфати градовите Скопје, Штип, Струмица и Битола.

Првиот настан се одржа на 19.05.2013 година пред школка во градскиот парк во Скопје. Вториот настан е закажан во Штип на 25.05.2013, потоа следуваат Струмица на 01.06.2013 и Битола на 09.06.2013 година.

photo 4

За позитивната атмосфера и доброто расположение на настаните задолжени беа познатите Тони Зен, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски и ContruDJ кои заедно со жонглери, илузионисти и огнофрлачи ќе ги бодрат учесниците на сите четири Олимпијада+ настани.

photo 1

На настаните организирани во рамките на Олимпијада+ учесниците ќе имаат за задача да надминат 10 пречки, да се натпреваруваат во 10 игри и тоа: скокање во вреќа, тргање со јаже, стрелање со стрела, куглање, трчање со штафета, бадминтон, собирање јогурти, сложувалка, нафрлување на мини обрачи и балансирање. За најдобрите учесниците обезбедени се вредни награди и тоа 48 таблети, 48 фотоапарати, 48 mp4 плеери.

photo 3

„Задоволни од успехот на минатогодинашните настани Балансираме заедно, со уште поголем ентузијазам го започнуваме караванот од забавни натпревари Олимпијада+. Целта на настаните е промоција на тимскиот дух и дружењето како рамнотежа на модерното време. Имено, Битолска Млекара е во постојана потрага по начини како да придонесе за здравјето на своите потрошувачи. Така беа креирани Баланс+ производи кои со комбинација на пробиотик и инулин обезбедуваат бројни бенефити по здравјето на потрошувачите. Идејата за организирање на Олимпијада+ произлезе од намерата на иновативен начин да ги потсетиме нашите потрошувачи колку се битни забавата и активниот животен стил за здравјето.“ – Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Битолска Млекара

photo 2

Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП