12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најбогатата жена во светот

Ова е најбогатата жена во светот

volton1

Американката Кристи Волтон (58) оваа година ја понесе титулата за најбогата жена во светот.

Таа се наоѓа на 10 место на листата со 100 најмоќни милијардери на Блумберг оваа година.

Богатството на Кристи Волтон е проценето на повеќе од 37,9 милијарди долари, а таа сето тоа го стекна како вдовица на Џон Волтон, синот на Сем Волтон, основачот на „Wallmart“, најголемиот малопродажен ланец во светот.

Кристи во „Wallmart“ поседува дел од 9,8 проценти, додека делот на целото семејство Волтон изнесува 48 проценти. Таа располага и со дел од 29 проценти во компанијата „First solar“ американски производител на тенки фотонапонски панели и соларни плочи.

Компанијата не е во сопственост на семејството Волтон, туку станува збор за самостојна инвестиција на нејзиниот сопруг.

Таа од бракот со нејзиниот сопруг Џон го има синот Лукас, таа е член на управниот одбор на зоолошката градина Сан Диего и Природнонаучниот музеј Сан Диего, таа живее во Вајоминг и позната е по своите филантропски активности.

Според процентот на донации во однос на вкупното богатство таа се наоѓа на првото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП