22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА40% од приходите на жителите на Лондон одат за да изнајмат дом

40% од приходите на жителите на Лондон одат за да изнајмат дом

Британската станбена криза најостро влијание имаше врз цените за изнајмување во Лондон.

Просечниот станар во англиската престолнина одделува цели 40% од својот приход за да го покрие изнајмувањето на станот, покажуваат податоците на „Institute for Fiscal Studies“ кои се однесуваат за периодот 2013-2015 година, пренесува „Bloomberg“.

За споредба, станарите во останатите британски градови одделуваат во просек по 28% од својот приход за да имаат покрив над главата.

Луѓето со ниски примања одвојуваат 1/3 повеќе од парите за да плаќаат кирија, наспроти состојбата во деведесеттите години. Причината за ова е намалувањето на државната помош за домување.

Ако го извадиме Лондон од пресметката сепак, процентот од приходите кој одат за домување, се движи на ниво од околу 25% во последните 20 години. Со други зборови, ситуацијата се влошува главно во Лондон.

Ситуацијата со кириите ги провоцира политичките лидери во Велика Британија да нудат разновидни решенија за проблемот.

Според Институтот за фискални студии, учеството на лицата на возраст од 25-34 години кои изнајмуваат се зголеми три пати на 37%, во споредба со средината на 1990-тите, кога тој е само 12%.

Од друга страна, премиерот Тереза ​​Меј истакнува дека ќе ги олесни процедурите за градење на повеќе општински живеалишта кои ќе може да се изнајмат.

Ова е кардинален потег на политиката преземена од Маргарет Тачер, која ги натера општините да ги продадат овие домови, што пак доведе до зголемување на бројот на сопствениците на куќи.

Големиот прашалник е поврзан со Брегзитот.

Сé уште не е јасно како излезот од Европската Унија ќе влијае на побарувачката за домови и нивните цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП