3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCroatia Airlines поради штрајкот загуби 850.000 евра

Croatia Airlines поради штрајкот загуби 850.000 евра

croatia1

Штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на „Croatia Airlines“ трае неколку денови, досега е забележана загуба од околу 850.000 евра, велат од компанијата и истакнуваат дека Управата и синдикатите секојдневно разговараат со цел да ги доближат интересите и летовите да се вратат во нормала.

Раководителката на секторот за односи со јавноста на „Croatia Airlines“, Ксенија Жлоф изјави дека секојдневно се надеваат на поволен исход од преговорите.

„Не станува збор за преговори, туку за разговори. Овие состаноци не значат дека Управата ги попушти своите услови. Управата и синдикатите настојуваат да ги доближат своите размислувања“, истакна таа.

Жлоф истакна дека поради штрајкот загубите за еден ден во просек изнесуваат од 150.000 до 200.000 евра и дека вкупната досегашна загуба изнесува 850.000 евра.

Со штрајкот само делумно е прекинат сообраќајот на „Croatia Airlines“, а откажаните летови значат пренасочени летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП