28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо подготовка најмасовна акција за донирање храна

Во подготовка најмасовна акција за донирање храна

Црвениот крст на град Скопје и преставници на организацијата „Мрдни со прст“ ќе организираат досега најмасовната акција за донирање на храна – „Нахрани 1000”, по повод на одбележување на светскиот ден за борба против гладта – 17 октомври.

Под мотото “Нахрани 1000”, целта на оваа акција е поттикнување на солидарноста, како и подигнување на општествената свест за донирање на храна на оние на кои таа им е најпотребна секој ден.
Податокот дека 445.000 граѓани во Македонија не можат да обезбедат храна секој ден, доволно говори за потребата од популаризирање на оваа тема и размрдување на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП