КАРИЕРА

Учете странски јазици доколку сакате да напредувате на работа

Кога некој работодавец ќе објави оглас за работа, покрај основните услови кои кандидатот треба да ги исполнува, се наведува и познавањето на странските јазици.

Според тоа ако сакате да имате добра работа и да напредувате во работата, учете странски јазици.

Најбарани се работниците кои зборуваат англиски, германски и италијански. Во последно време многу се барани и кандидатите со познавање на францускиот, шпанскиот но и скандинавските јазици.

На работодавците исто така им е важно да знаете да се служите со странскиот деловен речник и активно да го владеете говорот и пишувањето.

Бидејќи познавањето на англискиот јазик денес се подразбира, кај работодавецот ќе се истакнат кандидатите кои имаат познавање и на некои други странски јазици.