3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏек Ма ќе ја менува Alibaba, нема веќе да биде „обична“

Џек Ма ќе ја менува Alibaba, нема веќе да биде „обична“

Најголемата платформа за е-трговија „Alibaba“ со инвестиција од 15 милијарди долари ќе се обиде да го промени имиџот на обична интернет продавница.

Еден од директорите на „Alibaba“ Џеф Занг на годишната клауд конференција најави дека во следните три години ќе отвори нови истражувачки центри ширум светот, во кои сака да вработи неколку стотици експерти. Со овој потег сакаат да се приближат на другите компании како Google, Microsoft, како и најголемиот светски конкурент Amazon.

Новата иницијатива го носи називот DAMO, што значи „Discovery, Adventure, Momentum i Outlook“. Ќе отворат истражувачки центри во Пекинг и Хангзхоу како и Сингапур, Москва, Тел Авив и Силиконската долина.

Ќе се фокусираат на истражувања на подрачјето на паметна интелигенција, препознавање на говорот. Истражувањата ќе се објават јавно, а технологијата ќе можат да ја користат и нивните партнери.

Alibaba со овој потег им се придржува и на другите кинески компании кои го продолжуваат развојот на нови производи на меѓународните партнерства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП