23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска најави втор закон за стечајците

Царовска најави втор закон за стечајците

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вчера оствари средба со стечајните работници во Штип. Таа истакна дека сите стечајни работници кои ги исполнуваат условите согласно со Законот за стечајни работници веднаш ќе го добијат месечниот паричен надоместок, но, додаде, има и одреден број стечајци кои не ги исполнуваат условите.

– Но, ние стоиме на располагање како Влада целосно да го затвориме прашањето на стечајците, токму затоа сме подготвени по поминувањето на рокот на овој закон да донесеме нов, втор закон којшто ќе ги опфати сите, за конечно да го затвориме ова прашање, рече Царовска.

Министерката за труд и социјална политика детално ги информираше стечајните работници кои се критериумите на новиот закон за стечајни работници.

Во Штип на списокот на Здружението „Унит“ има евидентирано над 500 стечајни работници, кои деновиве ги доставуваат и документите до Центарот за вработување за добивање редовен месечен паричен надоместок до нивно пензионирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП