12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВреме за промени: ЕУ не го сака ММФ

Време за промени: ЕУ не го сака ММФ

D

Договорот за финансиката помош за Кипар беше многу хаотичен процес, затоа највисоките официјални лица во еврозоната сметаат дека е време за промени.

„Време е да се размисли за начините на кои регионот се бори со кризата и за тоа кој учествува во донесувањето на важните одлуки“.

Официјалните лица наведуваат дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој помага со професионална поддршка и пари, можеби повеќе не е неопходен како клучен партнер, пренесува агенцијата АФП.

Исто така, еврозоната би можела побрзо да донесува одлуки и да реагира кога не би постоело правилото за едногласна одлука од 17 земји членки, наведуваат официјалните лица.

Бројни аналитичари и лидери на земјите надвор од Европа слична загриженост истражуваа и претходно, меѓутоа сега и двајца високи функционери на ЕУ сметаат дека е време за промени. Европскиот комесар за економија и финансии Оли Рен и членот на управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) Јерг Асумсен наведуваат дека олабавувањето на финансиската криза е одлична прилика да се поправи тоа што е „скршено“.

„Ако ММФ може да донесува одлуки со мнозинство од 85 проценти, наместо едногласно, зошто тоа да не може да го направи еврозоната. Тоа ќе го олесни процесот за одлучување и ќе го направи многу поефикасен“, оцени Рен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП