29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарние: Ќор-сокак околу британскиот закон за Брегзит

Барние: Ќор-сокак околу британскиот закон за Брегзит

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, вели дека нема доволно напредок за да се премине во следната фаза од разговорите за Брегзит, како што сака Велика Британија, пренесе БиБиСи.

Тој рече дека има “нов импулс” во процесот, но се уште постои “ќор-сокак” поради т.н. законот за развод, за кој тој рече дека е “вознемирувачки”.

“Одлучниот напредок е во наша контрола во наредните два месеци”, додаде Барние.

Петтиот круг разговори оваа недела се конечните разговори пред клучниот самит на ЕУ на 19 и 20 октомври.

“Не сум во можност во сегашните околности, следната недела на Европскиот совет, да предложам да почнеме дискусии за идните односи” рече Барние.

Британскиот преговарач за Брегзит, Дејвид Дејвис ги повика лидерите на ЕУ, на самитот да му дадат мандат на Барние да почне трговски разговори и “да се изгради на духот на соработка што сега ја имаат”.

Тој рече дека имало напредок во областа на правата на граѓаните, кои ги поместија двете страни “уште поблиску до договорот”.

Барние изрази надеж за напредок на преговорите до декемврискиот самит на Европскиот совет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП