23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПартнерска соработка меѓу државата и земјоделците

Партнерска соработка меѓу државата и земјоделците

Руралните области во Македонија, но и во другите земји во регионот, се соочуваат со проблеми карактеристични за земјите во транзиција: интензивна депопулација, ниска активност на пазарот на труд и бавен процес на реструктуирање на земјоделските стопанства, нагласи министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешниот настан во рамките на проектот „Поддршка во спроведувањето на регионалната иницијатива за зајакнување на малите сопственици и семејните фарми“, финансиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Експертите сметаат дека наместо политички организации на земјоделци кои ќе ги претставуваат нивните права, на македонското земјоделство му се потребни партнери на државата во несењето на регулативата и евалуирањето на законските процеси.

Земјоделските стопанства се карактеризираат со многу мали и фрагментирани земјоделски површини, кои ги ограничуваат нивните приходи, го прават производството неефективно, нерентабилно и континуирано ја загрозуваат одржливоста на земјоделската дејност. Малите производни капацитети на овие стопанства ја ограничуваат и примената на современа технологија, а моментната техничка опременост е недоволна или застарена. Поради овие причини, тие се ретко специјализирани, додаде Николовски.

Неопходна е постепена трансформација на постојната неповолна структура на земјоделските стопанства во насока на специјализирани пазарно-ориентирани земјоделски производители кои ќе употребуваат современа техника и технологија во производството, ќе произведуваат производи со висока додадена вредност и квалитет што се бара на пазарите.

Предвидената трансформација на земјоделскиот сектор е возможна преку зголемени инвестиции, кои ќе се поддржат од буџетот во рамките на програмите за директни плаќања и рурален развој за кои в година издвојуваме 160 милиони евра, но и преку претпристапните финансиски средства од европската ИПАРД-програма, порача Николовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП