8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во еврозоната и ЕУ интензивно се зголемува во август

Индустриското производство во еврозоната и ЕУ интензивно се зголемува во август

Индустриското производство во еврозоната се зголеми за 1,4 проценти на месечна основа во август, покажуваат сезонски прилагодените податоци на „Еуростат“. За споредба, прилагодените податоци за претходниот месец покажуваат зголемување од 0,3% на месечна основа.

Во Европската унија (ЕУ), генерално се забележува дури посериозно зголемување од 1,7% во август во однос на растот повторно од 0,3% во претходниот месец.

На годишна основа, во август и во двата региони се забележува сериозно покачување на индустриското производство, и тоа забрзување е од претходниот месец. Во еврозоната се забележува раст од 3,8%, а во ЕУ е 3,9%, додека растот на годишна основа во двата региона во јули бил соодветно од 3,2% и 3,1%. Прогнозата за еврозоната се зголеми за 2,5 отсто.

Според податоците на „Еуростат“ во еврозоната речиси сите сектори известуваат раст во август, а во ЕУ зголемувањето важи за сите сектори. Растот и во еврозоната, и во целиот сојуз на месечна основа се должи главно на капитални стоки, односно од 3,1% и 3,2%, на трајните производи за широка потрошувачка (1,3% и 1,2%), на попатните стоки (1,2% и 1,0%) и енергијата (0,2% и 0,7%). Зголемувањето на расипливата стока за широка потрошувачка во ЕУ е од 0,4%, а во еврозоната останува без промена.

Најголемо месечно зголемување на индустриското производство е во Чешка (14,3%), Малта (5,4%) и Португалија (4,7%), а најсериозен пад е забележан во Холандија (-2,3%) , Шведска (-1.8%) и Франција и Финска (-0.4%).

Зголемувањето на годишна база во еврозоната се должи главно на растот во попатните стоки (5,3%) и капиталните стоки (4,9%). Слични трендови се во ЕУ, со зголемување на интермедијарните производи од 5,3% и капиталот за 5,5%.

На годишна база најдобро се претставува индустриското производство во Литванија (13,1%), Латвија (12,1%) и Романија (10,3%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП