3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број Европејци „на небото“

Рекорден број Европејци „на небото“

Бројот на патници на европските аеродроми во изминатата година достигна речиси милијарда, што е зголемување од 5,9 проценти.

Аеродромите во ЕУ минатата година примиле 972,7 милиони патници, соопшти европската канцеларија за статистика Евростат.

Рекорден број на патници забележала Велика Британија – 249 милиони, скоро четвртина од вкупниот број на патници, потоа Германија, Шпанија, Франција и Италија.

Според податоците на Евростат, бројот на патници во воздушниот сообраќај во изминатата година е намален само во Белгија и Словенија.

Лондонскиот аеродром Хитроу е најпрометниот европски аеродром, а на второ место се наоѓа парискиот Шарл де Гол.

Амстердамскиот аеродром Шипхол во изминатата година забележа зголемување на бројот на патници за 9,3 проценти и така се најде на третото место, пред францускиот и мадридскиот аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП