3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги призна: Парите од грчкиот долг поделени на банките

Драги призна: Парите од грчкиот долг поделени на банките

Европската централна банка заработи од 2012 до 2016 година 7,8 милијарди евра од каматите на грчките обврзници кои ги купи за да ја поддржи грчката економија.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги, откривајќи го износот во пишаниот одговор на еден грчкиот пратеник во Европскиот парламент, наведе дека обврзниците се преземени во рамките на Програмата за купување на обврзници (SMP) на ЕЦБ, како и дека остварената заработка е распределена по централните банки во 19-члената еврозона, пишува Фајненшл тајмс.

Програмата SMP е покрената на почетокот на должничката криза на еврозоната во 2010 година за да се ублажат пазарнитe притисоци од трошоците за задолжување на земјите членки, и и претходеше на амбициозната програма за купување на обврзници, попозната како квантитативно олабавување (QE) која ЕЦБ ја лансираше во 2015 година.

Грчка нема пристап до QE, бидејќи сеуште е во третиот пакет помош на ЕУ кој трае до август наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП