19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија: Затворени 1.000 компании

Белгија: Затворени 1.000 компании

belgija

Во Белгија во април се затворени 1.028 компании, а повеќе од 2.100 вработени ја загубија својата работа, објави Министерството за економија на Белгија.

Во последните шест месеци во Белгија беа затворени 5.910 компании, што е повеќе за 12,9 проценти од истиот период минатата година.

Бројот на затворени компании во индустрискиот сектор во изминатата половина од годината е намален за 11,8 проценти.

Во градежната индустрија во истиот период бројот на затворени компании се зголемил за 15,1 проценти, а во сообраќајниот сектор за 11,7 проценти. Најголем број на банкротирани компании е забележан во Брисел, 14,6 проценти, во Валонија 13,5 проценти и во Фландрија 11,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП