1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците остро ја зголемија прогнозата за економскиот раст

Германците остро ја зголемија прогнозата за економскиот раст

Владата во Берлин остро ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Германија за 2017 година, наведувајќи дека сега очекува раст од 2 проценти.

Прогнозите од април изнесуваа 1,5 проценти.

Пооптимистичните перспективи за остатокот од годината се врз основа на „пораспространетото закрепнување со солидни показатели во домашната економија“, како и на побрзиот раст на светската економија и меѓународната трговија, се наведува во соопштенеито на германското Министерство за економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Германската економија минатата година порасна за 1,9 проценти, најбрзото темпо во последните пет години, благодарение на силната приватна и државна потрошувачка, бидејќи домаќинствата и власта имаат бенефит од рекордно високата вработеност и ултра ниските трошоци за задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП