24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред и потоа: Фотографии од пожарите во Калифорнија(фото)

Пред и потоа: Фотографии од пожарите во Калифорнија(фото)

Пожари и понатаму беснеат во Калифорнија. Досега настрадаа 17 луѓе, а 150 се водат како исчезнати, уништени се 1.500 куќи и други објекти.

Пожарите зафатија повеќе од 46.000 хектари од неделата кога избија пожарите и се проширија благодарение на сувото време и силните ветрови, пренесува „Ројтерс“. Повеќе од 90.000 куќи и фирми во регионите Сонома и Напа останаа без струја, а доводот на гас е прекинат во 28.00 куќи.

Северно од Сан Франциско огновите целосно ги уништија куќите во неколку населби. Во Санта Роса огромна штета претрпе и хотелот „Хилтон“, а уништен е и мобилен забавен парк.

Десетина илјади луѓе се приморани да се евакуираат од своите домови, а училиштата и најмалку две болници се затворени во реонот Сонома.

Официјални лица од реонот Напа, каде што се одгледува винова лоза, велат дека сè уште е рано за процена на штетите, а најмалку 4 винарници претрпеа штети и девет се оштетени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП