3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот крал предупреди: Доаѓа крај на златното доба

Норвешкиот крал предупреди: Доаѓа крај на златното доба

Кралот на Норвешка Харалд „V“ смета дека златната ера за економијата на неговата земја е во минатото.

„Последните десет години беа нашиот златен период. Важните економски трендови не фаворизираа. Но овие трендови сега го променија правецот“, изјави тој за време на првата седница на норвешкиот парламент (Storting) по изборите во септември.

Силниот раст на нафтениот бизнис веќе е во минатото, појасни 80-годишниот монарх. Според него во последните месеци приходите бележат значителен пад, а освен тоа постарото население на земјата значело пониски даночни приходи и повисоки трошоци за пензиско осигурување.

Норвешка има големи резерви на нафта и гас, но е економски зависна од фосилните ресурси. Затоа, дел од средствата се инвестираат како вид на осигурување во државниот фонд.

Фондот беше формиран во 1998-ма година, за да се чуваат во него приходите на земјата од нафта и гас за идните генерации. Неговата вредност сега е 2,7 пати повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на Норвешка, а првичните прогнози беа дека неговата вредност ќе биде 1,3 пати од БДП-то во 20-тите години на векот. Во средината на септември, за прв пат го помина прагот од 1 илјада милијарди долари.

Во екот на нафтената криза државниот инвестициски фонд започна да применува поагресивна стратегија за управување со портфолиото, така што започна да се насочува кон купување на поголеми удели во компании и зголемување на инвестициите во имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП