21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршување на проектот "Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството...

Завршување на проектот “Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“

Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство, согласно со надлежностите на АПРЗ, а тоа се информирање, едукација и целосна соработка со земјоделците, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешната средба во Битола со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Зоран Стојчевски, и со вработените во Агенцијата.

“Ми претставува особена чест и задоволство да присуствувам на денешното официјално завршување на твининг проектот “Понатамошно зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, проект кој што е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија. Денеска, заеднички тука, ќе ги споделиме  резултатите од овој твининг проект, кој што е од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство. За почеток, би сакал да го образложам хронолошкиот тек на овој проект. Твининг проектот финансиран од Националната програма ИПА 2011-та година се спроведуваше во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а твининг партнери  беа Агенцијата за претприемништво на Холандија,  Агенцијата за земјоделски регистри и информации на Естонија, Земјоделскиот истражувачки центар на Естонија и Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Република Словенија. Овој твининг проект е во вредност од 1,5 милиони евра. Неговата цел беше да придонесе кон поефикасна реализација на ИПАРД 2 Програмата, како и поголемо искористување на финансиските средства од ИПАРД Програмата. Но, основната цел на проектот беше да и се даде поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во процесот на реакредитација на постоечките мерки односно на мерките: „Инвестиции на физички имот на земјоделски стопанства“, „Инвестиции на физички имот за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“, „Диверзификација на фарми и развој на бизнисот“ како и мерката „Техничка помош“. Но, покрај поддршката за овие мерки, твинингот помогна и за подготовка на акредитациските пакети за мерките: „Спроведување на стратегии за локален развој – ЛИДЕР пристап“, „Инвестиции во руралната инфраструктура“ и „Поддршка на советодавните услуги“ кои треба да се акредитираат во следниот период. Исто така, твининг проектот придонесе и во зајакнување на административните капацитети на Агенцијата,  како и во поддршка во програмирањето и спроведувањето на новите мерки. ИПАРД 2 Програмата е усвоена од страна на Европската комисија на почетокот на 2015 година, во рамки на која се алоцирани 60 милиони евра за поддршка на инвестициски проекти во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија. Покрај зголемениот опфат на корисници, во ИПАРД 2 Програмата се воведени и нови сектори, или конкретно се поддржуваат и инвестиции за достигнување на меѓународно признатите стандарди кои ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство на европските и меѓународните пазари, а со тоа и подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини. Искористувањето на средствата од  ИПАРД  програмата е највисок приоритет на Владата на Република Македонија и веќе се преземени соодветни мерки за зголемена  апсорбција на ИПАРД 2 средствата како што е  воспоставувањето на гарантниот фонд, кој ќе им помогне на корисниците за предфинансирање на инвестициите. Воедно интензивно се работи и се ангажираат меѓународни експерти за подигнување на ефикасноста на советодавните услуги  и капацитетите во Платежната агенција. Исто така изготвен е акционен план за зајакнување на административните капацитети и зголемување на јавната свест за придобивките од ИПАРД мерките. Македонија има голем природен потенцијал за квалитетно и конкурентно земјоделско производство, но за комплетно искористување на овие потенцијали и поголеми ефекти, од особена важност е едукацијата на земјоделците за значењето на мерките од ИПАРД Програмата. Мерки,  кои ќе помогнат во доближувањето на македонското до европското земјоделство и во создавањето на конкурентни производи со висока додадена вредност. Во името на Владата на Република Македонија, изразувам огромна благодарност до Европската унија што ја овозможи реализацијата на овој твининг проект во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој ќе придонесе кон зголемување на апсорпциските капацитети на институциите корисници, а со тоа и за успешно искористување на финансиските средства од ИПАРД Програмата”, објасни Министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

На средбата присуствуваа и вработените од АПРЗ, со кои министерот разговараше за можностите и плановите за јакнење на оваа Агенција, која е од исклучително значење за развојот на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП