30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги забранува сајтовите кои нудат крипто-валути

Русија ги забранува сајтовите кои нудат крипто-валути

Русија ќе го блокира пристапот до веб-страници или онлајн размени кои нудат крипто-валути.

Ова го истакна првиот заменик-гувернер на Руската централна банка, Сергеј Швецов. Според него, виртуелните валути се „сомнителни“.

Руските финансиски регулатори ги третираат сите видови пари издадени од нелиценцираните институции како нелегални, бидејќи тие може да се користат за перење пари.

Подоцна, сепак, властите во земјата прифатија дека постојат крипто-валути, но дури и тогаш тие укажаа на желбата да ги регулираат.

„Не можеме да стоиме настрана. Не можеме да им дозволиме на инвеститорите на мало лесен и директен пристап до таков сомнителен инструмент“, рече Швецов на конференција за финансиските пазари.

Според него, Централната банка го објаснува големиот интерес за крипто-валути со високо враќање на инвестицијата. Според него, виртуелните валути стануваат со се поголема вредност од средството за плаќање.

Зборовите на претставникот на руската централна банка предизвикаа конфузија меѓу биткоин заедницата во светот. Засега не е јасно што всушност имаат во предви руските власти – можна забрана за примарното снабдување со дигитални средства (ICO) или директна забрана за трговија со крипто-валути.

Првиот вид регулатива веќе е имплементирана во Кина и Јужна Кореја.

Веста од Русија предизвика доста интересно движење во цената на биткоинот. Најпопуларната крипто-валута буквално направи „лупинг“, губејќи и веднаш потоа опоравувајќи се близу 600 долари од цената во рамките на само 10 минути. Вредноста падна нагло од 4 817 долари до 4 189, како неколку минути подоцна се врати на ниво од 4 779 долари, според податоците на „CoinDesk“. Слично направија и другите популарни крипто-валути како eтер на Етериум, Биткоион Кеш, Лајткоин и „XRP“ на „Ripple“.

Во моментот на објавување на материјалот биткоинот се тргува за 4.788.95 долари при пазарна капитализација од 79.57 милијарди долари.

Вкупната пазарна капитализација на сите над 800 крипто-валути кои јавно се тргуваат достигнува 152.6 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП