4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15 Октомври-Меѓународен ден на Белиот Стап

15 Октомври-Меѓународен ден на Белиот Стап

По повод Меѓународниот ден на Белиот стап – симбол на лицата со визуелно нарушување на видот, 15 Октомври,  невладината организацијиа НВО Детски свет нов почеток, ДУРДМОВ Димитар Влахов Скопје, ФБ група на Родители на деца и млади со визуелно нарушување – Оштетен Вид и Република Македонија- Министерство за Образование и Наука сплотени, со една цел, ќе го одбележат денот со низа активности.

Програмата започнува во Петок 13.10 со интерактивна програма во која децата и млади со визуелно нарушување на видот и студенти кои одлучиле да им биде професија во нивната професија ќе споделат, разменат искуствата во областа на тифлологијата и работата со деца и млади со визуелно нарушување на видот во останатите земји.

Настан „различни, посебни, а еднакви – Менуваме„ од 5 до 12 и “ДУРДМОВ Димитар Влахов, настан каде ќе се зборува за основната мисија и цел на овие 12 земји, достигнување на еднаков развој на социјалната инклузија на територија на цела Република Македонија, и надвор од границите. Потребата од создавање услови за воспоставување и промовирање на настани и иницијативи базирани на интеракција на младите со и без попреченост во секојдневниот живот. Дел од програмата „различни, посебни, а еднакви-Менуваме„ се 40 деца со визуелно нарушување во видот од регионални земји сплотени во еден миг и една цел. „различни, посебни, а еднакви-Менуваме„ со неделен Марш под  Превезот во Скопје за изедначување на граѓанските права во чест на децата со посебни потреби, хендикеп и инвалидитет. Со почеток во 5 до 12 во Недела, плоштад Македонија. Меѓу сите активности НВО Детски свет нов почеток, ФБ групата родители на деца и млади со визуелно нарушување-оштетен вид, ДУРДМОВ Димитар Влахов Скопје, и република Македонија-Министерство за Образование и Наука го најавуваме отворањето на првиот интерактивен медиум за деца и млади со визуелно нарушување во видот, слухот и говорот, и маргинилизирани групи со наслов –„Менуваме„.

Хуманоста е карактеристика на големите луѓе и по тој повод горенаведените здружени организаци под мотото „нашето секојдневие за еднакви можности во образованието, работата и интеграцијата на сите деца со визуелно нарушување во видот“ отворена е донаторска сметка сметка и на истата ќе можат компаниите, физичките лица, и др. правни субјекти да донираат за обезбедување на опрема за мулти сензорна интеграција за деца со визуелно нарушување во видот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП