28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретиот преглед на грчката програма може да заврши пред крајот на 2017-та

Третиот преглед на грчката програма може да заврши пред крајот на 2017-та

Претставниците на кредиторите на Грција се враќаат во Атина до 23-ти октомври со мислата да финализираат до крајот на годината со третиот задолжителен преглед на реформите извршени од владата, кои беа побарани од нив, за да може земјата да продолжи да добива транши и да излезе од спасувачката програма за 10 месеци.

Условите за идните транши вклучуваат продолжување на реорганизацијата на вработените во државниот сектор и понатамошна либерализација на енергетскиот пазар, кој сега е главно во рацете на државата.

„Катимерини“ го цитира комесарот на ЕУ Пјер Московичи, кој коментираше дека шефовите на институциите треба да дојдат во Атина до 23-ти октомври. По состанокот на Еврогрупата во Луксембург, ова беше потврдено и од Клаус Реглинг, шеф на Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ).

Претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум исто така, рече дека меѓу кредиторите доминираат „силното и општото верување“ дека третиот преглед на грчката програма треба да заврши пред крајот на 2017-та година, мислење со кое биле согласни исто Реглинг и Московис.

Решенија за Грција ќе бидат пронајдени, како што тоа се случи и во минатото, рече Пјер Московичи, одговарајќи на прашање дали настапила промена во позицијата спрема Грција меѓу институциите по изборите во Германија.

„Работите во Грција се многу подобри. Економијата се подобрува, развојот е посилен, невработеноста паѓа, земјата излезе од постапката за прекумерен дефицит, гледам реформи во Грција“, дополни Московичи.

Аналитичарите во Атина сметаат дека проблематични се уште се четири клучни области во прилог на т.н. 95 приоритетни активности кои грчките власти треба да ги одобрат до крајот на годината. Проблематичните области се реформите на пазарот на труд, буџетската сфера, даноците и затворените професии.

На крајот од октомври, Грција очекува да добие транша од 800 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП