9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките се подготвени за повисоки каматни стапки

Банките се подготвени за повисоки каматни стапки

Европската централна банка соопшти дека банките под нејзина јурисдикција се подготвени за повисоки каматни стапки.

Ненадејното зголемување на каматите би ги зголемило нето приходите од камати, кои се важен извор за финансирање на банките, покажаа резултатите од стрес тестовите на ЕЦБ, пренесува агенцијата АП.

Во случај на зголемување на каматните стапки за 2,0 процентни поени, нето приходите од камати би пораснале за 4,1 проценти во оваа и за 10,5 проценти во наредната година, покажуваат проценките на централната банка на еврозоната.

Оваа институција, сепак, предупредува дека повисоките камати би ја намалиле економската вредност на капиталот на банките, што е уште една финансиска категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП