Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Просечниот работник го троши поголемиот дел од осумчасовниот работен ден на многу други нешта освен работата, вклучувајќи и исхрана, дружење или читање вести.
Психолозите откриле дека мозокот не може да се фокусира на задачи повеќе од неколку часа во исто време.
Некои компании почнаа да ги приспособуваат своите планови за да им помогнат на вработените да ја максимизираат нивната ефикасност.
“Во текот на работниот ден од осум часа, просечниот работник работи околу три часа – два часа и 53 минути, да бидеме прецизни. Остатокот од времето, според анкетата на избрани 1.998 британски канцелариски работници, луѓето го поминуваат времето во читање вести, сурфање на социјалните мрежи, исхрана, разговор за теми поврзани со работа, одмор, па дури и во изнаоѓање на нови работни места”, пренесува Business Insider.
Истражувањето јасно стави до знаење дека долгиот работен ден тешко го вади најдоброто од луѓето. Некои студии покажуваат дека луѓето можат да се концентрираат на една задача само околу 20 минути, додека друга студија не дава повеќе од 10 секунди.
Компаниите веќе почнаа да ја кратат работна недела. Наместо да бараат од луѓето да работат пет дена по осум часа, многу преминаа на работа од четири дена по осум часа.
Рајан Карнесон, директор за технолошко-образовната компанија “Treehouse”, забележа дека неговите вработени стануваат посреќни и попродуктивни по спроведувањето на 32-часовна работна недела уште во 2006 година. Основата на неговата филозофија на лидерство лежи во верувањето дека принудувањето на луѓето да работат 40 часа работа неделно е скоро нехумано.
Други истражувачи се надоврзаа со неговата пракса и сугерираат дека најпаметна промена, всушност е да се работи пет дена по шест часа.
Работодавци во Македонија размислете….
Едно интересно истражување со позанимава со најдосадните професии, па проверете дали една од нив е токму вашата професија! Утре следува уште еден работен ден, но…
Ви заминуваат ли талентите од компанијата? Преминуваат ли вашите најдобри вработени во конкурентските компании? Постојат начини на тоа да му ставите крај. Првиот чекор, сепак,…
Потребно е малку за да си ја вратите или зголемите самодовербата, потребно е само да се држите до неколку важни работи… Осум едноставни работи кои…
Сајбер ризиците за прв пат се меѓу десетте најголеми глобални заканувачи за компаниите, покажува истражувањето „Aon Risk Solutions“. Како главна причина за загриженост со која…
Со развојот на технологијата, се чини дека поимот „канцеларија“ веќе се редефинира. Сè поголемата слобода во изборот и движењето ги прави луѓето да се чувствуваат…
Сведоци сме на се поголеми промени во деловниот свет. Начинот на кој што сте работеле досега, повеќе не е доволен. Работата бара се повеќе, времето…
Експертите велат дека најуспешните лидери се оние кои активно барат фидбек, односно повратна информација и совет од луѓето со кои работат… Според Сузан Бејтс која…
Сите ние тежнееме во својата работа да бидеме што подобри и поуспешни. За да стигнете до врвот, обратете внимание на својот деловен речник. Жаргони, вулгарности…
Стресот кај жените и мажите во средовечни години го зголемува ризикот од равој на деменција, велат научниците. Во студијата која опфати 800 жени и мажи,…
Патот до успехот ќе го пронајдете доколку ги анализирате следниве правила… кои секој на некаков начин треба да ги почитува. Тие можеби се правила од…