3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Тензиите во Шпанија ќе ја загрозат довербата на инвеститорите

ММФ: Тензиите во Шпанија ќе ја загрозат довербата на инвеститорите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оцени дека тензиите и неизвесноста поради ситуацијата со шпанската покраина Каталонија би можеле да ја загрозат довербата на инвеститорите.

Тој додаде дека економските прогнози за Шпанија за 2017 година засега остануваат добри.

„Тензиите и неизвесноста во Каталонија би можеле да влијаат на довербата и одлуките на инвеститорите“, изјави претставничката на ММФ Андреа Шехтер.

ММФ не ја промени економската прогноза за Шпанија предвидувајќи раст од 3,1 проценти во 2017 година и 2,5 проценти во 2018 година наведувајќи дека економијата на оваа земја засега е урамнотежена и цврста.

Каталонија во 2016 година обезбеди 19 проценти од шпанскиот бруто домашен производ (БДП) и е еден од најбогатите региони на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП