5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАНУ прослави 50 години постоење

МАНУ прослави 50 години постоење

Македонската акедемија на науките и уметностите вчера одбележа голем јубилеј – 50 години од основањето.

На собирот во Македонската опера и балет, присуствуваа претседалот на РМ Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, министри во Владата, претседатели на академии на земјите од регионот, амбасадори,…

Претседателот Иванов се обрати на свечената академија истакнувајки дека како врвна самостојна научна и уметничка установа, МАНУ даде голем придонес во изградбата на современата македонска држава, континуирано ја поттикнува и ја развива научната мисла и работи на негувањето и на унапредувањето на уметностите.

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа е основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Таки Фити. Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз – Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (1959).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП