5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиколовски: Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во функција на земјоделците

Николовски: Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во функција на земјоделците

Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство, согласно со надлежностите на АПРЗ, а тоа се информирање, едукација и целосна соработка со земјоделците, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на вчерашната средба во Битола со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Зоран Стојчевски, и со вработените во Агенцијата.

„Цврсто сме убедени дека оваа Агенција може да функционира на највисоко можно ниво, со воведување нови стандарди во своето работење, а во функција на развојот на земјоделството и на поддршката на земјоделците. Затоа Владата на Република Македонија презема конкретни чекори и заедно со Владата на Република Словенија е договорена конкретна соработка којашто ќе биде развиена меѓу двете Влади, а којашто ќе се однесува на целосно реформирање, реорганизирање и зајакнување на капацитетот на АПРЗ со целокупна поддршка од Владата на Република Словенија. Сметам дека овој договор во следниот период ќе даде плод. Предвидено е да дојдат експерти од кои ќе ни биде понудена и техничка и целокупна поддршка со цел советодавната служба во Македонија да биде организирана на ниво и начин на којшто тоа го работат и земјите од регионот и земјите од Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

На средбата присуствуваа и вработените од АПРЗ, со кои министерот разговараше за можностите и плановите за јакнење на оваа Агенција, која е од исклучително значење за развојот на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП