30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниот сектор во ЕУ со пад од 1,1 процент во март

Градежниот сектор во ЕУ со пад од 1,1 процент во март

gradeznistvo22

Градежниот сектор во Европската унија забележа пад од 1,1 проценти во месец март, откако остана стабилен во февруари, покажуваат податоците на Европската статистичка служба Евростат.

На годишно ниво градежниот сектор во ЕУ бележи пад од 7,2 проценти.

Во еврозоната на месечно ниво во март е забележан пад од 1,7 отсто, додека на годишно ниво за 7,9 проценти.

Најголем пад на месечно ниво имаат Португалија од 10,7 отсто, Чешка од 7,6 и Словачка од 5 отсто. Најголем раст пак бележат Романија од 2,8 отсто и Шпанија од 2,4 проценти.

На годишно ниво најголем пад е забележан во Словенија од 31,8 проценти, во Чешка од 19, Полска од 16,9 и Португалија од 16,7 проценти, додека најголем раст во Шпанија од 16,6 проценти и Унгарија од 9,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП